Петар Печков
Објавено: петок, 07 мај 2021
Изминатите 24 часа во велешко се оздравени 32 пациенти, позитивни на квоид-19 а ново заразени се шест, објавија од Министерството за здравство. Така од ден на ден се намалува бројот на активни случаи и денес се водат 387 а досега биле заразени 5.438 лица.
Во велешка Болница се хоспитализирани 55 пациенти, од кои 40 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 11 пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување поради здравствени проблеми.
„На кислородна поддршка се 20 пациенти. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. .
На Инфективно одделение се 31, на Интерно четворица и во Модуларна болница 20 пациенти.
Tweet |