речник контакт

Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко се искачи над 500 лица

Денес 40 нови случаи на лица позитивни на ковид-19, во велешка Болница има починато еден пациент

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 40 нови пациенти со ковид-19  а оздравени нема, се податоците кои ги објави Министерството за здравство. бројот на активни случаи се искачи над 500 пациенти и изнесува  511.

Вкупно хоспитализирани во трите  ковид одделенија од велешка Болница  се 67 пациенти, на Инфективно 55и на Интерно 15 и Физикално двајца.  Потврдено позитивни се 55, непотврден  се четворица и осуммина   се негативни, но со потреба од болничка нега. Има починато и еден пациент маж од Свети Николе на 73 годишна возраст.

„Ново примени се тројца пациенти, а испишани се шестмина со по еден негативен тест. На кислородна поддршка се 21 пациент“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол ан Општа Болница Велес. .

Згрижени во трите одделенија, освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и Овчеполието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »