речник контакт

Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко во пораст, опаѓа бројот на хоспитализирани

Во велешка Болница, денес- сабота претпладне имало 16 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 48 часа во велешко се регистрирани 30 случаи на ново заразени со ковид-19, вчера 20, денес 10  а оздравени се 10 пациенти, по пет овие два дена. Со ова бројот на активни случи се искачи  на  162 лица. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница,  е во опаѓање и денес, сабота  претпладне е 16 пациенти. Ново примени нема а  испишани со по еден негативен тест се двајца пациенти.

„Има девет пациенти кои се позитивни, непотврдени се  петмина и  двајца се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се осумпациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 10 а на Интерно одделение шест пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »