речник контакт

Бројот на активни случи со ковид-19 во велешко е само шест лица

Во Болница се згрижени 10 пациенти

Петар Печков

Нема нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко но затоа петмина се оздравени, половината од  активните. Така бројот на лица во велешко кои имаат корона вирус падна на шест лица. Ова е здравствениот билтен за изминатите 24 часа кој го објави Министерството за здравство. Досега во велешко биле заразени 5.469 лица.   

Во велешко  хоспитализирани се  10 пациенти од кои тројца се потврдени позитивни, еден  е сомнителен и шест  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се тројца пациенти. На Инфективно одделение тројца а на   Интерно седум пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »