речник контакт

Бруцелозата е во опаѓање во велешко

Лани според годишниот извештај се евидентирани 14 лица заболени од бруцелоза, што е речиси двапати помалку во однос на 2008.

Петар Печков

Бруцелозата е во опаѓање во велешко, тоа го покажуваат бројките од Заводот за здравствена заштита. Така лани според годишниот извештај се евидентирани 14 лица заболени од бруцелоза, што е речиси двапати помалку во однос на 2008.

Споредено со минатите години, ова е помалку и можеме да констатираме дека болеста е во опаѓање, ја има са помалку кај луѓето - изјави д-р Билјана Трајкова, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита. Во Велес годинава, за два месеци, е евидентирано само едно лице заболено од бруцелоза а претходниот случај бил  регистриран во октомври. Екипи на Заводот за здравствена заштита земаат крв од луѓето во населените места каде има индиции за постоење бруцелоза и во соработка со медицинскиот тим на Инфективното одделение при Градската болница, го испитуваат можното присуство на болест.

По ова може да се лоцира евентуалното жариште на болеста и каде има заболено стадо. Бруцелозата се пренесува на луѓето во допир со заболена стока и неотстојано младо сирење. Се лечи, но остава последици по здравјето. Освен сточари, кои секојдневно се во допир со овци и кози, од бруцелоза заболуваат и лица кои пиеле невриено млеко или јаделе младо сирење кое според правилата за заштита треба да отстои најмалку три месеци пред да се консумира. 

Заради елиминирање на оваа болест  екипи на Ветеринарната станица од Велес  месецов стартуваа со акцијата за тестирање на крвта на говедата за откривање на можно присуство на болестите бруцелоза  и туберколоза. Со неа треба да бидат опфатени околу 5,500 говеда во велешкиот поширок регион и општините Градско и Чашка. Досега се испитани околу 500 говеда и крави. Од досегашните испитувања резултатите покажуваат дека нема ниту едно заболено говедо од бруцелоза и туберколоза, изјави  Димче Димитриевски директор на Ветеринарната станица во Велес.

Оваа мерка е предвидена  со годишната наредба за здравствена заштита на добитокот во земјава што ја издаде Министерството за земјоделство. Земањето примероци од крв за тестирање на бруцелоза е бесплатна, а анализата се врши на Ветеринарниот факултет во Скопје. За тестирањето за туберколозата Министерството покрива половина од цената а другата половина сопственикот за 150 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »