речник контакт

Булетус затворен

Кафената од која соседите немаат мирен сон, поради неиздавање на фискални сметки нема да работи две недели. Комшиите задоволни што барем толку време ќе одморат.

Петар Печков

Пазарната инспекција ги затвори кафеаните Булетус и Софра, лоцирани блиски до касарната.

На задоволство на соседите, кафеаната Булетус е затворена. Поради неиздавање на фискални сметки, пазарната инспекција го затворила да не работи две седмици. Овој момент со олеснувње го дочекаа соседите од околните згради, кои поради гласната музика немаа сон.

 Досега за овој проблем се шепотеше а за прв пат на седница на Советот на општианта, некој гласно реагираше, без страв за евентуалните последици.Тоа јавно  го кажа и советникот Бејхан Мемедов.

 аму за нас и нашите семејства,  нема сон. Гласна музика по полноќ, се работи до утро, гости кои се тепаат, пеачки. Кога ќе се јавиме во полиција ни велат, не сме надлежни - вели Мемедов. Командирот на полициската станица Александар Костов објасни дека со одземените надлежности, тие не можат да го контролираат работното време и тоа е во надлежност на други инспекции.

Освен гласната музика, проблем таму е и точењето на алкохол на малолетници.Сите овие дела ги евидентиравме, поднесовме соодветни пријави и со тоа нашата работа е завршена. Натаму работат други органи, Факт е дека во кафеаната се  работи по полноќ, ако  се почитува работното време  ќе нема проблеми, но за жал не е така -рече Костов.

Во извештајот за шестмесечната работа на Полициската станица Велес пишува дека кафеаната  Булетус, заедно со кабареата Ноктурно и Импакт во Велес, и кафеаните Булевар во Градско и Два галеби во Чашка, се познати по нарушување на јавниот ред и мир, конзумирање на алкохол, гостување на пеачи, гласна музика со децибели.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »