речник контакт

В недела втор круг за избор на градоначалник во Чашка и Градско

Право на глас имаат 3.152 гласачи во Општина Градско и 6.017 во Општина Чашка

Петар Печков

Недела, 29-ти октомври ќе се одржи вториот круг за гласање за избор на градоначалник, во  соседните  општини   Градско и Чашка.  Се гласа помеѓу два кандидати, кои според бројот на гласови се најдоа на првите две места, по првиот круг.

Во Општина Градско граѓаните избираат помеѓу  Жанета Чаушевска од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Роберт Бешовски од коалиција на  СДСМ. На 11-ти избирачки места има запишано   3.152 гласачи.  

Во Општина Чашка граѓаните избираат помеѓу Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија и   Горан Стојановски од коалицијата  на  СДСМ.  Во општината има запишано  6.017 гласачи кои гласаат на 31 избирачко место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »