речник контакт

В недела двојни избори, претседателски втор круг и парламентарни

Во Велес за претседател повеќе гласачи отколку за парламент. Проблеми ќе има поради тоа што од различни причини едни лица се на две избирачки места, како ќе гласаат тие за претседател или парламент кога еднаш ќе бидат одбележани??

Петар Печков

Според добиениот изборен материјал  од ДИК во ОИК, за неделните двојни избори во Велес на 84 избирачки места  ќе гласат различен број на гласачи. Така за претседателските на списокот се 46.548, 93 затворени и претворени, еден раселен. За парламентарните избори на списокот се 46.444 гласачи, 97 затвореници и еден раселен. Има 546 болни кои денес сабота гласаат дома.

Одлуката за вака распишани избори во пракса утре ќе ги покаже одредените проблеми кои и денес  создаваат револт и реакции. Веќе има примери на лица кои за претседателските избори се на едно избирачко место, додека за парламентарните на друго. Тие ќе можат да гласат само еднаш, сами ќе одлучат дали за претседател или парламент.

Така беше и денес со болните.  Дел од тие што биле пријавени во првиот круг за претседателските избори, никој не ги информирал дека ќе треба да се пријават и за парламентарните избори. Така дел од болните   денес гласаа само за претседател, не можеа за парламент, што беше причина за реакции од страна на овие лица.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »