речник контакт

В сабота авионско прскање против комарци

Пчеларите во велешко сабота да ги затворат кошниците со пчели

Петар Печков

 В сабота ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци  со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот.

 Од локаланта валст прецизираат дека границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, месност Јарбош; по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ град Велес, се до вливот на река Бабуна и с. Горно Караслари.

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари..

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »