речник контакт

В четврток бесплатни прегледи во мобилната болница на Аџибадем Систина

Бесплатните кардиоваскуларни прегледи ќе се одвиваат од 12 до 20 часот на платото пред Основниот суд

Петар Печков

Сè што треба да знаете за здраво срце може да разберете  в четврток на 18-ти октомври  во Велес во рамките на карванот „Слушни го срцето“ на клиничката болница „Аџибадем Систина“ заедно со Здравствената групација „Аџибадем“.

Граѓаните ќе имаат шанса да направат бесплатни кардиоваскуларни прегледи, но и да добијат стручни совети како рано да ги дијагностицираат и да ги контролираат кардиоваскуларните заболувања. Прегледите ќе се изведуваат во специјално опремена мобилна болница од страна на искусниот тим на кардиоваскуларниот центар на „Аџибадем Систина“.

Граѓаните ќе можат да го проверат степенот на кардиоваскуларниот ризик одреден преку мерење телесна тежина и висина, одредување на индексот на телесна маса (BMI), мерење на нивото на холестерол во крвта, ЕКГ и други испитувања по препорака на лекарот-специјалист. Целта на кампањата е граѓаните да добијат стручна едукација и здравствени консултации и преку овие активности да се подобри здравствената состојба на популацијата.

Најважно е да го слушнеме ритамот на срцето, зашто според СЗО, најголем број од граѓаните умираат токму од артериосклероза. Да го слушнеме, и тоа во вистинско време, зашто секој лек е лек ако почнете да го давате благовремено – вели  д-р Митко Караѓозов, тораковскуларен хирург во „Аџибадем Систина“, кој е еден од експертите што  учествуваат во кампањата. Од клиничката болница велат дека телефонските повици покажуваат дека кај граѓаните има голем интерес за карванот. Потсетуваат дека нема потреба од телефонско закажување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »