речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ - 2018-та година наликува на 1948-та

Здравковски на народните избраници од локалната и централната власт им посака повеќе памет и мудрост во донесување на одлуките

Петар Печков

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја резимираше годината која заминува.  Според нив тоа било  тешка година за што повеќе наликувала на 1948 отколку на 2018, година која сите ќе се заборави што е можно побрзо, и во оваа што следува да живееме подобро и подостоинствено. Главната причина за лошите оценки што опозицијата ги два се поради  како што потенцираат  самоволието кај локалната и централната власт, кои кога ги презентирале програмите за живот многу ветувале но ништо не сториле за подобрување на животот во Велес.

Оваа година сме сведоци на покачени комунални давачки, покачени цени на нафтата, покачена цена на водата, несработен ниту еден проект, непочитување на мислењето на граѓаните, потценување на интелектот на сите чинители во општеството. Ги нема ветените проекти за затворен градски пазар, градење на катни гаражи, ги нема атмосферските канализации од погорните улици на градот, нема гасификација, нема чист воздух, нема реконструкции на училишта, нема 500 евра плата, нема 100000 денари за докторите, нема повисока социјална помош, ниту зголемени пензии. Пратеникот Панче Иванов, спротивно од волјата на народот кој со помалку од 28% излезност кажаа големо ,,не,,  на нивното бесмислено прашање, гласа за промена на уставното име на Република Македонија, гласаше за двојазичност, сега исплашен седи во неговиот топол дом во кој го чуваат полицајци 24 часа, и тоа од сопствените граѓани - кажа Игор Здравковски претседател на  ОК на ВМРО-ДПМНЕ  Велес на партиската прес конференција. 

Тој и опозицијата  виделе  неспособност и немање желба за дијалог и јавни расправи околу донесувањето на буџетот од страна на градоначалникот  Аце Коцевски , околу програмите за работа на општината за следната година, околу спојувањето на училиштата, ставил  мораториум на медиумски пренос на седниците.  

Градоначалникот Аце Коцевски, оваа година им нанесе штета на спортистите, на сите оние кој ја почитуваат традицијата, удрија и по образованието, не поместија еден камен во градот освен оние геометриски форми кај раскрсницата кај Панини кој се големи по неколку чекори. Оваа година Велес го направивте една крајно загадена, бедна, урбана џунгла, завиена во темнина - додаде Здравковски. 

На крајот од излагањето во Новата 2019 година, на граѓаните им посакува многу здравје, среќа, успех во животот и работата, поголеми примања, подостоинствени услови за живот, а на народните избраници од локалната и централната власт им посака повеќе памет и мудрост во донесување на одлуките.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »