речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ се докажа во домот на пратеникот Коџабашиев нема фантомски гласачи

Богоевска, три децении од необјаснети причини семејството не ја сменило адресата на живеење и не почитувало Законска обврска

Петар Печков

Општинската ВМРО-ДПМНЕ од Велес,  на  прес конференција реагираше на претходните пресови на опозицијата во Велес, кога  тие бараа одговор за т.н. фантомски гласачи во домот напратениот Коџабашиев. По објавената снимка од     национална телевизија, каде се појави еден од членовите на семејството Станојковски и објасни дека тука, во село Каратманово живееле три децении, но од технички причини не се одјавиле.  

На опозицијата  и пропадна уште една фабрика за афери. Им пропадна пореметената идеја да создадат перцепција за фантомски гласачи во Велес. Македонската и велешката јавност во текот на вчерашниот ден се уверија дека не станува збор за никакви сценарија, туку за семејство кое преку 30-тина години живеело во Велес, и кое сеуште е регистрирано на постоечката адреса. И тука нема ништо скришно ниту спорно! Тоа се нормални луѓе кои своето право да избираат го остваруваат еднаш и само на едно избирачко место во државата. Како и сите други нормални луѓе во Македонија  - изјави Петре Саздов од велешкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.   

Портпаролот  на велешкиот СДСМ одговори на прозивките и праша кои се тие причини што три децении несе доволно да се смени адресата  на живеење.  

 И по толку прозивки не се јави  пратеникот Коџабашиев. Во демантот од партија не слушнавме зошто и кои е причините што три децении едно шесточлено семејство  место живее на  друга адреса а на старата се води се уште, што е спротивно на Законот. На старата  адреса  се раѓаат деца, се склопуваат бракови а тие живеат во село Каратманово.  Не ја убедивте јавноста во Вашата исправност -рече Богоевска. 

Слична на ова ситуација имаше во пролетта 2006-тата. Тогаш само беа сметени улогите. ВМРО-ДПМНЕ како опозиција бараше одговор за фантомски гласачи на  улица Белградска 1 и тоа за  11 лица.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »