речник контакт

Важно е да се намали загадувањето на воздухот а не да се вложува во мерење на загаденоста, вели министерката Шукова

Hевладините еколошки здруженија и Општина Велес, со барање дека градот Велес има потреба од уште една мерна станица за мерење

Петар Печков

И додека невладините еколошки здруженија и Општина Велес, со барање дека градот Велес има потреба од уште една мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот, министерката вели дека се потребни мерки за намалување на загаденоста.

На Велес му се потребни повеќе мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух.

„Како локална власт апелираме до Министерството за животна средина да поставаат уште две мерни станици, за да може да биде покриен градот целосно. Така ќе имаме покриеност за целиот град и жителите ќе знаат каков е квалитетот на воздухот кој го дишат“ - вели  Петре Цилаков, раководител на сектор за животна средина при Општина Велес.

Ако Велес , кој до пред 20 години беше индустриски центар и имаше пет мерни станици, денес има само една, кај Детската градинка во населба Тунел. Таа го покрива новиот дел од градот, додека стариот, каде повеќето од домаќинствата користат како енергенс огревно дрво, нема мерна станица. До 2005-та имаше во Бирото за вработување, но таа е отстранета пред две децении.

При посетата на Велес, министерката за животна средина Каја Шукова, кажа дека важно е да се работи на намалување на загаденоста.

„Тоа што го имаме во Велeс е апсолутно доволно, имаме индикативни податоци мерења, информации за да знаме  како се движи згадувањето. Општините можат да постават свои мерни станици, истите да бидат валидирани, инструменти кои мерат валидни податоци. Ова што го имаме во државата е доволно и нема потреба за ново инвестирање во мониторинг мрежата. Повеќе треба да инвестираме во намалување на загадувањето. Тоа го правиме со европски пари, со проект на ЕУ Вреден 10 милиони евра, за намалување на загаденоста на четири града, Скопје, Битола, Тетово и Куманово.  Општините треба да ги заменат нееколошките со еколошки системи за затоплување“ - рече Шукова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »