речник контакт

Вазарели во Велес !

Ретка колекција од светки познати поп арт уметници пред велешани.

Петар Печков

 До крајот на месецов, јуни, велешани во Ликовниот салон ќе имаат ретка можност да ги видат светските мајстори на ликовната уметност од средината на минатиот век, кои твореле во Париз.

Преку изложбата насловена  ,,Француската колекција од Националната установа Музеј на современа уметност во Скопје,, можат да видат 27 дела од класиците на модерната: Анри Жорж Адам, Ники де Сен Фал, Виктор Вазарели, Бернар Бифе, Ханс Хартун. Изложбата ја отвори Захаринка Алексоска Бачева, виш кустос.

Селектираниот избор на слики, цртежи и графики дава приказ на разновидни стилски ракописи во кои доминира апстракцијата лирска, геометриска, експресивна, остварувања во духот на оп-артот, поп-артот и новиот реализам, како и дела во кои се испреплетуваат влијанијата на движењата од почетокот на 20 век, импресионизмот, фовизмот, кубизмот и надреализмот.

За имињата  на авторите не би зборувала но на помладата популација би и препорачала да пребара на интернет и ќе има што да прочита. Ова е дел од светското наследство кое е  подарок на Македонија а велешани ќе можат да го видат наредниот период – изјави  Бачева.

Делата  биле подарени на Скопје во 1962/63 –та по катастрофалниот земјотрес. Изложбата е во организација на Народниот музеј на Велес и Музејот на современа уметност во Скопје

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »