речник контакт

Вакциналниот пункт денес и утре работи со зголемено работно време оти има добиено вакцини и за прва и втора доза

Се вакцинираат лица со прва доза со „Фајзер“ и втора доза со „Синофарм“, „Фајзер“ и „АстраЗенека“

Петар Печков

Велешкиот пункт за масовна вакцинација, во спортската сала на средното училиште Коле Неделковски, денес и труе ќе работи со зголемено работно време, до 19ч.  Причината за тоа е што освен втора вакцина ќе се пушта по едно неделна пауза и прва,  како заштита од ковид-19.

„Добиени се термини за два дена, за лица кои ќе примат вакцина„Фајзер“. Продолжува вакцинацијата и со втора доза на лица кои претходно примиле, тие се вакцинираат со „Синофарм“ и со „Фајзер“. Во Уред продолжува вакцинација на лицата над 70 годишна возраст, кои примаат „АстраЗенека“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пунк.

Останува препораката, лицата кои треба да се вакцинираат да ги почитуваат добиените термини, з да не се создаваат редици пред пунктот. Ревакцинацијата во Уред ќе се извршува до 13 јули.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »