речник контакт

Вакциналниот пункт во салата на училиштето „Коле Неделковски“ престана со работа

Два месеци траеше и теренската вакцинација и таа престана со посета на селата во велешко

Петар Печков

Вакциналниот пункт во спортска сaла на средното училиште „Коле  Неделковски“ од попладнево повеќе не е во функција. Тој започна со работа од 25 мај, поради потребите на велешани, но и на жителите од соседните општини, за масовна вакцинација, заштита од ковид-19.  

„Овој 31-ви август е последен работен ден како вршиме имунизација во вакциналниот пункт во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски“. Имаме за аплицирање околу 500 вакцини, сите се втора доза „АстраЗенека“.  Денес се затвора овој пункт и со тековна вакцинација продолжува пунктот во Здравствен дом.  Таму од седмицава се аплицира прва доза „Синовак“, за децата до 18 години „Фајзер“, за лицата над 60 години „АстраЗнека“. Завршува и теренската вакцинација, која е спроведена со успех, на територијата на Општина Велес, Чашка и Градско. Вакцинација во Уред е во две смени од 7 до 19 ч. “- кажа д-р- Пандели Божиков од Здравствен дом Велес.

Се врши и вакцинација на младите до 17 години, со присуство на родител, за што постои интерес, тоа е без закажување. Изминатите два месеци се вршеше и теренска вакцинација при што беа посетени околу 50 населени места, некаде со висок одѕив некаде со скромен.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »