речник контакт

Вале Гулабица се враќа со нов хит

Не верувај на мажите препорачува велешката фолк ѕвезда, која жали што не е дел од Питијадата

Петар Печков

По четирите фолк хитови, кој не ја оставија рамнодушни македонската јавност, некои позитивно други негативно, велешанката Вале Гулабица се враќа на сцената. Таа преработи една постара песна „Не верувај на мажите“ и за неа снимни видео спот. Песната е дело на Идо од Кавадарци а текстот Вале сама го доработи. И нејзината сценографија за песната, танцот е нејзино дело. Исто така и гардеробата која ја носи на видео спотот е во нејзино производсгво.. Во ексклузивна изјава за ТРМР Вале жали што не е дел до Велешатка Питијада

Не сум поканета да пеам на Питијадата, иако ќе ја загреев атмосферата и ќе го промовирав мојот нов сингл. Тие што сакаат да ме видат можат во Гевгелија, секој викенд, петок, сабота и недела во кафиќот „Кај Качо“, кој е сместен во куќата на познатата манекенка Александра Накова - вели Вале. Таа се недева дека наскоро конечно и нејзините сограѓани ќе можат да ја видат во живо на некој настап, ако велешките угостители и покрај интересот покажат и конкретна желба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »