речник контакт

Ване Гавровски од Ново село -струмичко со Гран при на 56 Детските Рацинови средби

Сите учeсници твореа на конкурс на тема „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“

Петар Печков

Гран при наградата на 56 Детски Рацинови средби ја доби Ване Гавровски ученик во деветто одделение од Ново село - струмичко.   Тој и останатите учесници  твореа на литературниот конкурс  на тема „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“.

„Жири комисијата за оратори, која беше составена од актери и режисер, кажа дека победникот бил уверлив и дека губат сите кои нема да го слушнат.  Жири комисијата за литература велеше дека победничкото дело ежи, восхитува. Секоја чест за Ване за неговиот ментор“ - рече Анита Мирчевска, претседател на организациониот одбор на Детски Рацинови средби.  

Манифестација започна  во петокот со цветен  пат за Рацин на која учествуваа децата од градинките и од Посебното основно училиште „Маца Овчарова.  Беа посетени трите споменици на Рацин во градот каде беше положено цвеќе и рецитирани песни од стихозбирката „Бели мугри“.

На литературниот конкурс биле пријавени  467 дела. 

Првото место на литературниот конкурс го поделија Бојан Љутков од ОУ Блаже Конески од Велес и Лука Трајковски од ОУ  Кочо Рацин од Куманово. Кај средношколците прво место го  освои Давид Цветковски од СУГС Панче Арсовски од Скопје.

На ликовниот конкурс победи  Стефани Настова трета година од гимназијата Кочо Рацин од Велес а кај учениците од 6 до 9 одделение  Даниела Теова  од ОУ “Васил Главинов” Велес.  На натпреварот за  оратори првото место го освои средношколката Сара Агуш од СУГС Шаиб Јусуф од Скопје.  

Детските Рацинови средби беа дел од свеченостите за 9 ноември  Денот на општина Велес.

фото ФБ Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »