речник контакт

Вардар во Велес повторно во пораст

И Бабуна во Богомила со висок водостој

Петар Печков

Нивото на реката Вардар низ Велес повторно во пораст. Во однос на вчера измерени се 26 цм повеќе, или денес имал 150 цм а вчера 124 цм. Мерното место е на Стар мост.

Се очекува нивото да расте во наредните часови, оти и Вардар кај Тетово има зголемено ниво а и притоките Пчиња и Треска се со повисоко ниво во однос на вчера за 20 цм.  Просекот за Велес за месец ноември е 73 цм.

И нивото на реката Бабуна е во пораст, ако до пред некој ден беше 30 цм. вчера и денес е 46 цм. Просекот за ноември е 14 цм. 

Податоците се од УХМР

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »