речник контакт

Вардар вон категорија на загаденост

Капете се во Бабуна и Тополка, во Вардар не

Петар Печков

 Единствено реката Вардар остана опасна по здравјето на велешани и само во неа се забранува капење, наводнување на земјоделски површини и напојување на стока. Наспроти ова по повеќе години реките Бабуна и Тополка можат да се користат за капење. 

Езерото Младост реката Бабуна во целиот тек и реката Тополка до населбата Превалец се препорачливи за капење. Вардар за разлика од минатите години сега покажува само висока биолошка загаденост поради исфрлањето на канализациониот отпад од Гостивар, Тетово и Скопје во неа па во неа велешани не смеат да се капат.

Годинава по подолго време можеме да кажеме дека Бабуна во целиот тек и Тополка до фабриката за вар се чисти реки  и препорачливи за капење. Вардар од влезот во Велес до излезот има присуство на органски материи од фекалии, но затоа нема опасни материи од ОХИС и други индустриски загадувачи присутни минатите години – велат од Заводот за Здравствена заштита од  Велес.

Наодите од водите на  езерото Младост покажуваат дека тоа е препорачливо за капење и покрај високата матност, што е резултат на  трските и алгите кои таму опстојуваат. Водата во Градскиот базен секојдневно се испитува и таа ги задоволува квалитетите за капење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »