речник контакт

Вардар како поток

Сушата го стори своето, па реката низ градот не минува ниту со половина од просечната вода за овој месец од годината.Стручњаците потврдуваат дека нивото е ниско, но далеку од минимумот кој беше во 90-тите години од минатиот век.

Петар Печков

Во октомври месец  реката Вардар низ Велес минува со просек од 46 метри кубни  во секунда. Резултатите од годинава се очајно лоши, мерењата на Хидро метеоролошкиот завод покажуваат дека Вардар низ  градот не тече ни со половината од просекот. Мерењата од седум дена во периодот од 16 до 22 октомври, резултатите покажале дека тој нив Велес тече со  14,2 м3 во секунда на 16-ти и 18-ти октомври, со 12,9 на 19-ти, следниот ден со 16,8 следните два дена со моќ од 21  додека најмногу вода имал на 17-т октомври кога течеле натпросечни 57,9 метри кубни во секунда.

Така има денови кога речното корито се гледа а Вардар изгледа како поголем поток. Метеоролозите потврдуваат дека нивото на реките и езерата е прилично ниско, но, сепак, смируваат и велат дека засега нема простор за прогласување критична состојба, односно апсолутен минимум на водите како во деведесеттите години на минатиот век.

Факт е дека има малку вода, но најважно е што реките се над минимумот.  Проблеми можат да настанат доколку опстои долг и сушен период без никакви дождови. За акумулациите е важна влажноста на есента и снеговите во зимата-  вели Јосиф Милевски, раководител на секторот за хидрологија во Управата за хидрометеоролошки работи, и тврди дека намалувањето на нивото на вода се должи и на продолжителниот сушен континуитет од минатото.

Изминатите суши оставаат трага врз резервите на подземните води, кои, пак, се основен фактор за прехранување на надземните. Во 2001 година е забележан еден од најсушните периоди, кој остави голема последица и врз недостатоците од вода за пиење. Од тогаш, па до денес, наизменично има опаѓачки и растечки тренд на сушните сезони. 2010 година беше една од најбогатите со вода, па и со многубројни поплави. Проблемот е што моменталната суша ги топи ланските резерви - објаснува Милевски.

Разликата е што денес има многу повеќе неприроден, вештачки дотур на вода во Вардар. Насекаде во земјава. Имаше написи дека Вардар е исушен, но тој се наоѓа над потребниот минимум. На пример, деновиве мислам дека беше пуштено големо количество вода од ’Козјак‘, па треба да очекуваме растење на нивото. Но, секако, свој удел имаат и дождовите. Со сиромашен процент дождови, со променлива атмосфера, а доаѓаат и ниски температури, може да се случи катастрофа со зимскиот минимум за вода -  констатира хидрологот Милевски.

Во велешко слична е состојбата и со реките Тополка и Бабуна, кои се со далеку намален капацитет овој есенски период, иако Тополка се регулира со вода од езерото Лисиче.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »