речник контакт

Вардар надоаѓа во Велес

Вардар во Тетовско, Скопје и неговите притоки северно од Велес со осетно повисок просек. А дождот и натаму паѓа...

Петар Печков

Нивото на реката Вардар низ Велес е во пораст. Ако вчера , вторник беше  88 см денес беа измерени 110цм. И тоа на мерното место кај Стар мост. Просекот за ноември е 73 цм.

Ова ниво не е загрижувачко, но водениот бран кој доаѓа од Тетово, Скопје носи осетно повисоко ниво. Така кај Јегуновце бил 182 цм. во Скопје 173цм.

И притоките на реката Вардар се со осетно зголемен водостој. Треска кај Македонски Брод е 34 цм наспроти 13 цм. ден претходно, Пчиња кај Пелинце од 18 цм стигнала до ниво од 120цм. а кај Катлановска бања 77 цм наспроти вчерашните 55цм.  

И реката Бабауна има зголемено ниво денес на 38цм. од вчерашните18 цм. Мерното место е во Богомила.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »