речник контакт

Вардар низ Велес е умрена река

Вардар низ Велес е умрена река и во неа нема риби а ваквата состојба се очекува да биде во наредните три години велат риболовците од градот

Петар Печков

Вардар низ Велес е умрена река и во неа нема риби а ваквата состојба се очекува да биде во наредните три години велат риболовците од градот. Тие немо стојат покрај водата и со поглед бараат да најдат некое парче на риба но неа ја нема. Првичната проценка е дека е направена штета од минимум сто илјади евра.

- Ако во Вардар изумреа 20 тони риба а килограм подмладок од најмалите парчиња чини 4,6 евра ете ја сметката колкава е минималанта штета, бидејќи не треба да се заборави дека во поморот имаше и големи примероци  на крап и сом - изјави Петре Алчев претседател на ЗСР Бабуна од Велес, која е концесионер на реката Вардар каде се случи еколошкиот инцидент. Тие веќе ги чувстуваат последиците од поморот. Нивните членови доаѓаат и бараат да им ги вратат парите а за овие седум дена нема ниту еден нов.

- Зошто платив 1.200 денари кога не ќе можам да ловам риба не само до крајот на годинава туку и во наредните две–три. Толку е уништена риба што ќе треба да мине многу време да се обнови рибниот фонд. Ваков помор не помнам иако сум спортски риболовец со години – вели Никола Миланов. Со исто мислење се и другите негови колеги.

ЗСР Бабуна стравува како ќе ги плаќа рибочуварите кои се финансираат од чланарина. Тие пролетва веќе извршија порибување на езерото Младост, така што немаат повеќе средства за оваа намена, а со новонастанатата состојба тешко дека скоро ќе соберат пари. Затоа сметаат колку побргу ќе се обештетат толку побрзо животот ќе се врати во реката Вардар низ Велес. Последиците од угинатата риба велешани сеуште ги чувстуваат со лошата реа и смрдеата која и по седум дена од поморот доаѓа од реката Вардар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »