речник контакт

Вардар низ Велес опаѓа

Се најавува дека нивото ќе опаѓа и во наредните денови

Петар Печков

Реката Вардар е во опаѓање низ Велес. Во однос на вчера, денес се измерени 34 цм. помалку. Или во бројки вчера беа измерени 174,  денес 140 цм.

Ова се должи на паѓањето на нивото на притоките Пчиња и Треска, кои најмногу влијаеја на зголемениот проток на Вардар низ Велес. Хидролозите од УХМР очекуваат нивото да продолжи да паѓа.  Просекот за декември за Велес е 82 цм. 

И нивото на реката Бабуна низ Богомила опадна. Од вчерашните 36 денес имала 30 цм. Се оечквуа ова ниво да биде и во наредните денови. Просекот на Бабуна низ Богомила е 15цм. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »