речник контакт

Вардар попладнево со највисоко ниво во Велес, го освои кејот

Низ градот минува ударниот бран на реката, засега нема пријави за штети

Петар Печков

За половина метар порасна нивото на реката Вардар низ Велес, за 24 часа.  Водата го освои кејот и изврши „заезерување“ на просторот. 

Податоците на УХМР говорат дека вчера, 24 јануари  во 7,30 часот нивото било 130 цм а додека утрово 180 цм.  Просекто за овој месец од годината е 82 см.

„Во пладневната часови нив Велес минува ударниот бран на високо ниво на реката Вардар. Тоа се спушта кон југ и не се очекуваат повисоки вредности, бидејќи во горниот тек има опаѓање, како и на притоки кои се влеваат северно од Велес. Нема пријави дека има штети во реонот на Речани, каде има станбена населба и обработливи површини“ - соопштија од Центарот за Управување со кризи.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »