речник контакт

Вардар порибен со шест илјади парчиња крап

Следните три месеци забренет лов на крап на Вардар во велешко

Петар Печков

Реката Вардар низ Велес од денес е побогата со  шест илјади парчиња крап или нови 450 кг. риба. Ова порибување го извршија членовите на ЗСР Бабуна   и тоа е нивна  обврска  со добивањето на концесијата за период до шест години.  Здружението  управува со водите на реката Вардар од вливот на Пчиња до вливот на Брегалница, како и со реките Тополка,  Бабуна и езеро Младост.

Овие шест илјади парчиња млад крап ги пуштивме на повеќе локации од реката Вардар. Го сторивме тоа после сите овие верски празници, за да не им текна на некои несовесни наши сограѓани, рекреативно  рибокрадци да ловат риба  за трпезите за Св. Никола или други слави.  Рибите ги пуштаме тука во Велес на неколку локации и една кај Градско. За заштита на овие риби во следните три месеци е забранет риболовот на крапот по течението на реката Вардар  –  рече  Ѕвонко Мечалов   претседател на ЗРС Бабуна. 

Рибите се купени и со сопствени средства  обезбедени од годишната членарина  и за   нивна набавка од мрестилиштето во Скопје  се платени околу 150 илјади денари.   Заради заштита на местата каде е извршено порибувањето следните 48 часа ќе има засилена контрола од страна на рибочуварите и од СВР Велес. Секој  рибар што ќе биде фатен со ваков крап ќе биде казнет парично со илјада денари како обештетување, плус казната од Основниот суд. На овој чин на порибување на Вардар присуствуваше и градоначалникот на Велес.

  Им даваме поддршка на риболовното друштво Бабуна како концесионери со водите во велешко во нивниот напор да се пориби Вардар и тој да има повеќе риба. Радуваш што се враќа квалитетот на реката и се враќаат некои видови на речни ракови, кои подолго време ги немаше а се синоним за чиста вода. Ова е добра акција останува само сите да се грижиме и рибниот фонд да остане – рече Горан Петров, градоначалник на Велес. Ова е прво порибување на Вардар низ Велес по десетина години а во меѓувреме се случија неколку големи помори во реката и таа подолго време немаше богат рибен фонд.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »