речник контакт

Вардар порибен со 450 кг крап

За еден месец ЗСР Бабуна пориби три локации во велешкиот ревир

Петар Печков

Во склоп на редовни активности и законската обврска за порибување на ревирот со кој раководат, членовите на ЗСР Бабуна извршија порибување на реката Вардар во Велес, кај мало мовче. Тука се пуштија 400 кг а 50 кг кај Старо Градско.

Во  рамките на нашите активности годинава порибивме со еден тон риба Бабуна, езеро Младост и реката Вардар.  Тоа беа крап и пастрмка, или тоа што го има во нашите репро центри. Потребно е д се одгледува и друг вид на риба,з а реките да бидат со што повеќе разновидна риба – изјави Лазар Лазаревски член на ЗСР Бабуна.

Порибувањето е со сопствени средства, кои се обезбедуваат од членарината од риболовите, кои се движат помеѓу 500 и илјада членови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »