речник контакт

Вардар се поплиток во Велес

Утрово, среда, измерен водостој од само 14 см

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во Велес ги руши рекордите. И тоа по низок водостој.   Утрово, среда во 7,30 ч. измерени се само 14 см. Ова се вредности кои ги објавува Управата за хидрометеоролошки работи.  

За да биде информацијата целосна просекот за седми месец, јули на Вардар низ Велес е 55 цм.  Претходните денови  нивото беше 15, 16, 18, 20 цм. што е исто така под просечно.

Дождовите кои претходните денови паднаа , но во јужните делови од Македонија, не влијаат на нивото. Така што синоптичарите најавуваат нов топлотен бран и нов сушен период, нивото на реката се очекува да биде и пониско.

Вака ниско ниво не помнат велешани со години наназад, одамна.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »