Петар Печков
Објавено: среда, 27 февруари 2013
Високиот водостој на Вардар беше причина мостот кај Башино село од вторникот вечерта до средата наутро да биде забранет за сообраќај. Откако беше исчистен од наносите на дрвја, од екипите кои ги ангажираше локалната самоуправа, тој повторно е во функција. И на мостот Гемиџии можат да се забележат наноси на дрвја, кои ќе се отстрануваат, откако нивото ќе се намали. Надлежните уверуваат дека сега тој е безбеден.
Највисокиот водостој на реката Вардар бил околу еден по полноќ пошто почнал да се намалува. Ова беше причина тој да се излее и да ја однесе пешачката патека која беше започната да се гради кај спортските терени на некогашното ОУ Џинот. Вардар се излеа и во центарот на Велес.
Tweet |