речник контакт

Вардар со пониско нови, ама водата остана по бавчите (фото)

12 часа без струја беа Шорка и Речани. Езерото Младост без промени, мостот кај Башино село пуштен за собораќај

Петар Печков

 Нивото на реката Вардар опадна  во велешко. Тоа според надлежните е  пониско за 50 цм. Но и покрај тоа, во делови од населбите Речани и Шорка водата се уште ја има по нивите и бавчите. 

 Вардар се повлече ама остана водата. Еве ја црпиме со електро мотори да се испумпа.  Ја има  и по куќите. Лесно надојде, ама тешко оди, да се испразни. Нема каде да ја исфрлам водата, треба кај комшијата - вели велешки бавчованџија.  

 Слично е и во Речани и Шорка. Овие две населби вчера останаа без електрична енергија. Им била скратена поради опасноста од надојдениот Вардар, биле исклучени од мрежата. Струјата е пуштена денеска околу пладне во 13ч. , немале  од  саботата вечер од 18 часот.    

 Мостот на Башино село е пуштен за сообраќај. Нивото на езеро Младост непроменето неколку сантиметри пред истекување.   

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »