речник контакт

Вардарска регата ќе има, но во нов термин

Годинава таа ќе се одржи во терминот заедно со Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,

Петар Печков

Вардарската регата ќе се одржи и годинава, но во друг термин. Ова го најави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција а по реакциите на дел од медиумите и социјалните мрежи дека годинава манифестацијата е укината.   

Заради временските услови  и затоа што одржувањето сакавме да го поврземе со Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,  терминот е поместен. Верувам дека подготовките  успешно ќе привршат и дека манифестацијата ќе се одржи - изјави градоначалникот Коцевски. 

Кажа дека за неа во Општинскиот Буџет биле издвоени 80 илјади денари.    Веста дека Вардарската регата е укината Коцевски ја квалификуваше како класична лажна вест, креирана од одредени кругови, кои тој не ги прецизираше.   

Општина Велес и јас без причина  неоправдано,  неосновано бевме изложени на жестоки, дрски и  безобразни напади и обвинувања,без авторите на текстот и тие што го превземаа да ја проверат вистинитоста на фактите, дали Општина Велес се откажала или не.  Оние што жестоко  ме  напаѓаат дека не сум патриот и заради името „Гемиџии“ не сакам да го организирам настанот, ги потсетувам дека јас сум тој градоначалник што во претходниот мандат го предложив  преименувањето на новиот мост во мост „Гемиџии“, спортската сала исто така  во сала „Гемиџии“ . Јас предложив да се изгради споменик на Гемиџиите во Велес како и споменикот коњаник посветен на најзначајните велешки војводи и споменикот на Панко Брашнар. Се сметам за многу поголем патриот од тие што на таков дрзок и безобразен начин се осмелуваат да напаѓаат критикуваат и навредуваат - рече Коцевски.

 Ланската година имаше мал број учесници, само 20-тина во 4 чамци и за прв пат без учество на придружба кајакари како обезбедување. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »