речник контакт

Вардарски плански регион со нов, в.д. раководител Игор Андреев

Одлуката за разрешување на досегашниот раковдител и поставување нов, ја донел Советот за развој на ВПР кој го сочинуваат градоначалниците од деветте општини во Повардарјето

Петар Печков

Советот за развој на Вардарски плански регион, на петочната седница донел одука да се разреши досегашниот директор Марко Колев а именувал нов. За в.д раководител поставен е Игор Андреев  доктор на економски науки, од областа на маркетингот.   

Тој  е еден од основачите на компанијата „X Фактор Акцелератор“, кој финансира стартап компании со одржлива идеја и бизнис план.

Советот за развој на ВПР кој ја донесе ваквата одука е составен од деветте градоначалници од Повардарјето. Колев на раководната позиција беше поставен во август 2017-та година, со мандат од четири години. 

Раководителот на заминување Марко Колев на неговиот фб напиша: Центарот напорно работеше и само во изминатата 2019 година имплементираше 14 проекти во вредност од 62.053.162 денари, исто толку (14 проекти) во моментов се во фаза на реализација во вредност од 92.665.085 денари

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »