речник контакт

Варичелата ги нападна велешани, во првото полугодие

Во мај и јуни таa е најчесто заразно заболување во општината, но далеку од епидемија. Кои се другите заразни болести што се регистрирани во велешко во првите 6 месеци годинава

Петар Печков

Во првите шест месеци од годинава варичелата   е најчесто заразно заболување во велешко.  По повеќе годишна пауза, таа во првото полугодие ја имало кај 226 пациенти од 536 вкупно заболени, од заразни болести во пошироката велешка општина.  

Споредено со претходната година, во истиот период, тогаш ја имало само во 38 случаи.  Ова се бројките од информацијата за заразните заболувања, која се најде пред членовите на велешкиот Совет. 

Треба да се знае дека зголемениот број на заболени од варичела, се јавува циклично на неколку години. Се акумулира и избувнува во одреден период. Во никој случај не станува збор за епидемија – објаснува д-р Билјана Трајкова, специјалист епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје  Велес.  

Овчата сипаница земала замав во месеците мај и јуни, кога биле забележани 1 70 случаи на заболени.  Втора заразна болест  според регистрираните случаи е ентероколитот со  182 пациенти, додека на третото место е сексуално преносливата хламидија со 85 случаи.  

Во ова  полугодие има регистрирано  девет  случаи на туберколоза, пет случаи на шуга и еден на бруцелоза. Но има и поединечни ретки заболувања, како што се менингоенцефалитис (воспаление на мозочната обвивка) , херпес зостер и три на хепатитис  Б.

Од обработените податоци, епидемиолошката состојба на подрачјето на општина Велес,   се  оценува повремено критична, поради појава на зголемен број заболени од варичела, но во главно бројот на заразни заболувања се движи во  рамките на претходните години – вели д-р  Трајкова.  Таа додава дека епидемиолошката состојба во општината  била под контрола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »