речник контакт

Варницата во Превалец бара ,,А,, интегрирана еко дозвола, локалната власт бара јавна расправа

Изминатиот период велешани беа сведоци на големо загадување на воздухот, реката Тополка со работата на Варницата која сега бара ,,А,, интегрирана еко дозвола

Петар Печков

На 30 октомври годинава, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес било  доставено Барање за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола за КАМЕНОЛОМ ТЕХНО ПАВЕР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  во населба Превалец, Велес. Со ова локалните власти сметаат дека се потврдува нивната информација дека Варницата работи без дозвола но и ја загадува животната средина во населбите Тунел и Превалец. 

Мојата оценка и оценката на стручните служби е дека таа инсталација работи бесправно и сериозно ја нарушува животната средина и течението на река Тополка.  Со постапката за добивање на ,,А,, интегрирана дозвола, Министерството за животна средина е должно барањето да го објави на својата интернет страница, со цел јавноста да има увид во неговата  содржината. Тоа за жал не е сторено од страна на надлежниот орган- изјави градоначалникот Аце Коцевски. 

Затоа Општина Велес го објави Барањето за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола во целост на нивната веб страница, а со цел јавноста да има целосен увид во него. Како засегната странка во оваа постапка и по реакциите за загадувањето и детонациите од оваа инсталација  кои изминатиот период доаѓаат од граѓаните,  како и побелувањето на реката Тополка, општината побара јавна расправа. 

Како Градоначалник на Општина Велес а согласно  Законот за животната средина, испратив барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за организирање на јавна расправа од страна на инвеститорот во просториите на општината, на која ќе ги отвориме сите прашања за работата на инсталацијата и сите проблеми кои нејзината работа ги предизвикува за граѓаните. Не сакаме капацитетот да се затвори, туку да работи согласно законските прописи и здравата животна средина  -дополни Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »