речник контакт

Васил Зафирчев - најдобар актер

На деветото доделување на наградите Златна Бубамара на популарноста, манифестација што на 22.02 (Среда) се одржа во Универзалната сала...

Никола Солев

На деветото доделување на наградите Златна Бубамара на популарноста, манифестација што на 22.02 (Среда) се одржа во Универзалната сала, Тоше Проески повторно се најде меѓу лауреатите. Всушност, Тоше доби две Бубамари, од кои едната е за најдобар пејач, а другата за најдобар спот (не беше соопштено за кој негов спот се доделува наградата). Александар Масевски беше прогласен за продуцент на годината, а албумот Сино, кој тој го реализираше за Тамара, беше прогласен за албум на 2005-та. Најдобар македонски текстописец е Весна Малинова, а наградата за најдобар концерт им беше доделена на Архангел, за нивниот лајв-акт на Сајмиште, но тие не се појавија на сцената. Легендарниот Влатко Стефановски беше прогласен за Амбасадор на македонската култура, а бидејќи тој беше на концерт во Мостар, наградата ја зема неговата ќерка Ана. Како што ве?е објавивме, награда за животно дело му беше доделена на Коце Икономов, кој приреди куса шоу-програма, во што многу му помогна и актерот Кирил Поп-Христов... Песната Све је исто, само њега нема, со која Тијана победи на фестивалот во Будва, беше прогласена за најслушан хит, а истата популарна пејачка ја исполни во живо, помогната од членовите на хорот Кочо Рацин. Ова беше добра прилика Тијана да го најави својот прв солистички концерт во Скопје, кој би требало да се случи во мај 2006-та. Концерти во Скопје (на 20. и 21. март) ќе има и Бајага, кој, пред да се појави на сцената да додели неколку награди, со своите хитови (Зажмури, Плави сафир, Тамара...), беше најавен од Игор Џамбазов. Меѓу наградените се најдоа и Џогани Фантастико, кои беа прогласени за најдобра балканска денс-атракција. По тој повод го исполнија својот хит Чекам те код колима... Гламурозното шоу го отворија легендарните Бранка Станковска и Симон Беличанец, по што, бидејќи на помладите светот останува, водителската улога ја презедоа актерот Сашо Коцев и малата Мартина Силјановска. Во ревијалниот дел на Златна Бубамара на популарноста покрај споменативе, настапија: оперскиот пејач Марјан Николовски и Жаклина Стефковска, децата од Супер ѕвезда, кои добија награда за најдобра детска емисија, малиот кошаркар Драган Пецев, Тамара и Влатко од Морал со Најверни пријатели, Александар Митевски со Слаб сум на тебе, Дани со Срца две, а Игор Џамбазов со хорот Кочо Рацин исполни песна за Тијана, создадена врз основите на Од Вардара па до Триглава... Меѓу наградените во други категории, статуетките ги добија: Васил Зафирчев (најдобар актер), Ирена Ристиќ (актерка), Македонска приказна (најдобра претстава), Перо Чукало (од Дневник Антена, за најчитана страница), Јанко, К15, Милионер (најдобри ТВ-емисии), Он-Нет (најдобра web-страница), Петар Ѓошев (најдобар радио-водител), Утринска програма на Антена 5 (најдобра радио-емисија), Мобимак (најдобра маркетинг-кампања, која ја изработи Идеа Плус ДДБ), Публицис (најдобра маркетинг-агенција)... Шоуто траеше безмалку три часа, а крајот му припадна на фолк-магот Гоце Арнаудов, кој помогнат од хорот Кочо Рацин, и еден мошне чуден состав, во кој Трендо свиреше гитара, Кили пијано, а Борјан Јовановски тапани, ја исполни револуционарната Бандиера Роса, а кога му се придружија и трубачите, и нешто од својот репертоар... Извор: [url=www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=4319&Rubrika=Vesti]МММ[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »