речник контакт

Василица, празник на занаетчиите металци повеќе од еден век

Со повеќе од сто години традиција, една од најстарите вакви манифестации во градот

Петар Печков

Велес отсекогаш бил град на занаетите и занаетчиите. Традицијата на нивното собирање не е прекината ниту по еден век на другарување и забава. Некои занаети одумирале, други се раѓале а занаетчиите од градот се дружеле.  Така е и секоја Василица, кога се собираат занаетчиите кои работат со железо. Така беше и годинава. Прво во манастирот Св. Димитрија а потоа во Розе салата.  Кум, домаќин на годинашната манифестација беше Ристе Анастасов.

Според некое правило од старо време, тука се ковачите, пред се ова  бил нивен ден. Сега се собираме занаетчии автолимари, автомеханичари, електричари, уште некој ковач или некој што работи со железо. Не има околу 70- 80  лица. Прво се оди на манастир, како што било од века. Се носи леб, погача, попот го пее. Кога ќе  завршиме се собираме тука во Розе сала и прославуваме. Потоа по пат на томбола се одбира домаќинот за до година – вели Ристе.

На томболата се доделуваат награди од секој присутен занаетчија, дава негов производ, кој потоа се дели како награда. На манифестацијата има и доста млади мајстори, што ветува дека занаетот, прилагоден на новото време ќе има иднина. Таков е и случајот со годишниот домаќин, Ристе кој се занимава со компјутерска дијагностика, тој  е  мајстор за поправка на турбо компресори, кој ги има во новите модели автомобили.   Наспроти него занает стар  со години.  Меѓу присутните беше и Благој Павловски кој поправа велосипеди. Тоа го работеле неговиот татко па продолжил и тој. 

Ова сервисирање е традиција од мојот татко. Како дете бев некаде во 50-тите години   на минатиот век на Манастир и ми остана во сеќавање. Откако во 2004-та останав стечаец, ХИВ се затвори, го продолжив занаетот.  Како и секој така и овој има муштерии и ние занаетчии. Има некој незадоволен, другиот смета дека првиот направил илја. Ама секој си го цени трудот, своето.  Старите решиле на овој ден да се собираат, еден ден во годината да се дружат, да решаваат проблеми што ги имаат но  и да се забавуваат.   Велешани сакаат да возат точак, тоа е најефтино и најздраво средство и работа има – вели Павловски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »