речник контакт

Велес - Штип во прекин со часови, патот завеан

Мал снег, голем проблем, патниците завеани со часови. Ова се случуваше четвртокот попладне и вечерта.

Петар Печков

Повеќе од четири и пол часа е во застој сообраќајот на магистралниот пат Велес – Штип. Километарски колони автомобили, камиони, автобуси со стотици патници се заробени во  двата правци, и кон Овче Поле и на приодот од Велес.

Според  информациите од Регионалниот центар за управување со  кризи од Велес, причина се големите наноси на снег кои ги има помеѓу Велес и селотп Лозово. Истите неколку часа ги чистат екипи на ЈП Македонија Пат . Патниците во колоната се нервозни и уплашени, бидејќи одамна падна темнина а тие немаат информација што се случува.

Стоиме со саати во колона, ни напред ни назад. Нема никој да ни каже што се случува. Само ќе мине некоја полициска кола, мина и брза помош со ротационо светло и се врати. До кога ќе бидеме тука, не е познато иако сакаме што поскоро да бидеме дома. Во автомобилите на луѓето им студи, бидејќи не може моторот толку време да работи – вели патник  кој беше во колоната во автобус, а со кого стапивме во телефонски контакт. Од Велешката автобуска станица информираа дека  автобус од правец на  Штип кај нив не влегол од 16,30 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »