речник контакт

Велес Европски град

Традиционален хепенинг по повод Денот на ЕУ

Петар Печков

Во Младинскиот парк, традиционално се одржа манифестацијата ,,Денот на Европа,, каде  основците од сите осумгодишни училишта претставија по една земја членка на Европската Унија. Беа претставени Белгија, Шпанија, Грција, Велика Британија, Малта, Унгарија .

Имаше и приредба во која учествуваа и децата од  градинките. Во колоритот од бои и звуци беше претставена Европа за нејзиниот ден 9-ти мај.  На манифестацијата присуствуваше и  биртанскиот амабсадор. 

Сум   слушнал дека Велес е  град на поезија и сам  сум читал  песни од Кочо Рацин. Велес е и град на култура и традиција и  мило ми е што денес го посетив. Секоја година на овој ден зборуваме за Европа како идеја. Оваа година пак се  потсетуваме и на друг значен ден 70 години од завршувањето на Втората Светска војна. Се  потсетуваме на победата на Европа и наша обврска да им оддадеме почит на жртвите од војната, кои загинаа  служејќи во нашите армии и го дадоа животот за сега ние да живееме во слободен свет. Во 20-тиот Век Европа помина низ две големи војни. За мирот да ја победи војната, потребни беа храброст,лидерство, цврста посветеност, одлуки. Сојузниците беа водени од една цел, споделуваа ресурси и се фокусираа на стратешката слика а обичните луѓе, беа подготвени да дадат придонес за својата земја. Преку вакви свечености имаме можност да ги запознаваме убавините на Македонија но и да ги споделуваме Европските вредности - изјави  Чарлс Гарет амбасадор на Велика Британија во Македонија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »