речник контакт

Велес Фест, годинава на 13 јуни со одлична понуда

DARKWOOD DUB од Србија, Д.Н.О и STEEL TEMPLE од Скопје на помошното фудбалско игралиште

Петар Печков

Познат е терминот на четвртиот по ред Велес фест. На помошното фудбалско игралиште, на 13-ти јуни, сабота, жестока свирка за љубителите на рок музиката.  Одлична понуда годинава организаторите им нудат на велешани , но и гостите од земјава, бидејќи се носи атрактивно име од соседството. DARKWOOD DUB од Белград се ѕвезди на  вечерта а пред нив ќе настапат  хеви метал атракцијата  STEEL TEMPLE   и Д. Н. О  и двата состави од Скопје.

 За потсетување дека на фестивалот,кој започна во 2012 како Велигденски настапија Бени и Нон стоп , Нокаут и Деј оф, во 2013-та настапија Суперхикс и Фолтин а фестивалот се одржуваше во салата Гемиџии, додека лани  2014-та на отворено на помошното фудбалско игралиште  свирка имаа Пеперминт и Игор Џамбазов со Харе Гуру бенд. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »