речник контакт

Велес викендов ќе мириса на пастрамајлија

По осми пат сабота и недела ќе се организира Питијадата. И годинава во центарот на градот

Петар Печков

Сабота и недела Велес ќе биде во знакот на пастрмајлијата, гордоста на градот. Ќе се одржи 8-та  манифестација ,,Велешка  пастрамајлија,, на која има пријавено 25 учесници, ресторани и винарници. Таа  втора година по ред  ќе биде на отворено, од плоштад  Сармаале од споменикот ,,Илинденци,, .

Сабота манифестацијата започнува во 11 часот ќе биде отворена до полноќ а в недела од 11 до 18 часот.    За забава на гостите ќе има и многу музика. Освен велешките музичари ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, Ани Малинкова, Мики Секуловски и неговите колеги Идоли, кои ќе пеат на платото од пред Основниот суд во Велес. Ќе се организираат и наградни забавни игри, најбргу пиење вино, најбрзо јадење пита.

В четврток и петок навечер  пак се организира Божуле, запивање на младото вино. Тоа во велешките ресторани и кафетерии ќе се нуди по промотивни цени.  Манифестацијата ќе има хуманитарен карактер, со повеќе штандови на Црвениот крст, каде сите присутни ќе можат да донираат пари според нивните можности.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »