речник контакт

Велес втор според ново заразени со ковид-19 во земјава, една почината пациентка

Активни се 479 случаи, во болница се 66 пациенти од нив 34 се на кислородна поддршка

Петар Печков

 Велес  втор во земјава  според бројот на  позитивни во земјава, со 40 нови случаи додека оздравени се  12 пациенти. Ова се бројките кои ги соопштија од Институтот за јавно здравје  за денес недела.  Активни се  479  а досега се заразени 4.020 лица.

Почината е една жена на 83 годишна возраст, позитивна, од Велес, два  дена лекувана на Инфективно одделение. Двајца пациенти се  транспортирани за Скопје еден во  Градска општа болница 8-ми Септември и еден во Приватна Болница -Систина..- кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Со ова бројката на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна 123 пациент.

Вкупно  хоспитализирани во трите одделенија во велешка Болница се  66, од кои 59 е потврдено позитивен, тројца  се сомнителни  и четворица  пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 34 пациенти. На Инфективно  одделение се  46 пациент, на Интерно шест  и во  Модуларна болница 14.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »