речник контакт

Велес ги доби првите обучени лични асистенти за лицата со посебни потреби

Тие за ова ќе добиваат паричен надоместок од страна на државата а ќе бидат ангажирани пет пати по 4 часа неделно кај едно лице

Петар Печков

Првите девет  велешанки  ги добија сертификатите дека се личен асистент за лица со посебни потреби. Тие ги добија сертификатите со кои можат легално, овластено да помагаат на  лицата со попречности но и целосно слепите.  Тие два  месеци јануари и февруари,  посетуваа обука која ја организираше Општинската организација на Црвен крст Велес, кое е  лиценцирано за извршување на образование на возрасни.

„Овие кандидати посетија  200 наставни часови, а  наставата  ја реализираа стручни лица: лекар, медицинска сестра, специјален едукатор и социјален работник. На крајот полагаа и тест.  Тие  ќе им бидат од голема помош при извршување на одредени функции во домот и надвор, а исто така ќе бидат помош и за останатите членови во семејството“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Со добивањето на сертификатот, личните асистенти ќе можат да пружат услуги кај лица со тешка телесна попреченост и кај слепи лица. Тие за ова услуга ќе добиваат паричен надоместок , откако Центарот з асоцијални грижи ќе ги распредели на лица  на кои им е потребна. Ќе можат пет пати неделно по 4 часа да посетуваат лице со попречености и да работа со неделен план, кој ќе биде одобрен од Центарот.  Ќе можат да посетуваат максимум две лица на ден, ако има интерес.

„Бевте одлична група, ја следевте посветено наставата, се стекнавте со потребните знаења“ - кажа д-р Кевица Клифова еден од обучувачите.
 
„Научите доволно за почеток, се надевам дека сите ќе бидете ангажирани, ќе има интерес за ваша работа. Да бидете во секој дом каде има потреба и сте барани. Очекувам од вас успешни приказни со лицата со кои ќе работите“ - реча Нада Трајкова социјален работник.  

„Задоволство беше да се работи со Вас, се надевам дека беа интересни  часовите посебно практичните. Посакувам да го дадете вашиот максимум и поддршка  на корисниците за кои ќе се грижите. Верувам во Вас“ - изјави Емилија Минова Купенкова.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »