речник контакт

Велес гласа и в сабота

Болните, изнемоштените, затворените, притворените првото на глас го искористија денес, сабота

Петар Печков

Седумстотини лица , запишани на избирачкиот список на Општинската изборна комисија  Велес, правото на глас имаа можност да го остварат, денес сабота.  670 се запишани како болни, четворица од затворот во Велес, 59 велешани кои се затвореници а казната ја одлежуваат надвор од градот и  8 притвореници кои се дома, иако за оваа категорија дури 20 имале можност да го користат ова право, според  Државната изборна комисија.

Денешното гласање минало без проблеми велат од ОИК.  Од таму го посочуваат и неодговорниот однос на одредени гласачи. Како пример е гласач, од селото `Рлевци,   до кого цел избирачки одбор се упатил во селото, бидејќи таа била единствена, евидентирана како болна. Кога стигнале таму констатирале дека  нема лична карта  и била кај децата во Велес, па морале да се вратат со невршена работа. 

Во избирачкиот список на ОИК Велес има 46.261 граѓани на 73 избирачки места. Гласањето започнува во 7 часот а трае до 19 часот. Гласачот за идентификација потребно е да покаже биометриска лична карта ли патна исправа (пасош).

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »