речник контакт

Велес го решава проблемот со кучињата скитници

Започна проектот за собирање на кучињата скитници. Тој се реализира во соработка со ветеринарната станица и локалната самоуправа. Дел од нив поради болест се усмртуваат, а останатите се вакцинираат и кастрираат. Од стартот на проектот досега се усмртени 80 кучиња, а триесетина по соодветниот третман повторно се вратени на улиците. Од ветеринарната станица велат дека со акцијат не може да се отстрант кучињата, но се намалува нивниот број.

lj lkjl

Велес го решава проблемот со кучињата скитници. По договорот со општинските власти, ветеринарната станица започна со собирање на кучињата од улиците на градот. Ветеринарниот лекар Никола Симоновски вели дека досега 80 кучиња скитници се усмртени, а триесетена се кастрирани и повторно вратени на градските улици. „Болните кучиња ги терапираме, кастрираме и повтроно ги враќаме на местото каде што живеат, заради територијалноста која ја држат. Тие што се болни се усмртуваат” Симоновски вели дека не може да се отстранат кучињата скитници, но кастрирањето ќе го намали нивниот број. „Ветеринарната станица во својот круг направи боксови за прибирање на кучињата и нивна терапија и постоперативно третирање. Доколку има заинтересирани граѓани можат да посвојот куче, додава Симоновски” Проектот за третирање на кучињата скитници стартуваше пред три месеци. Според податоците од ветеринарната станица, во Велес регистрирани се околу илјада кучиња скитници.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »