речник контакт

Велес дел од проектот ,,Музеум линк,,

Го организира Музеј на град Скопје, опфаќа 18 музеи од Македонија. Со него изложбите подготвени од странските амбасади да се претстават и во внатершноста од земјава

Петар Печков

Народниот музеј од Велес  стана дел од проектот на Музејот на Град Скопје, со кој во Ликовниот салон во Велес, ќе можат да бидат претставени изложби, кои се дел од тамошната понуда.   Го иницираше Музејот на град Скопје,  вклучени се 18 музеи, надвор од главниот град на Македонија.

Идејата е сите изложби   кои стигнуваат  во Музеј на град Скопје, преку странските амбасади, тие да   го продолжат своето патување  и претставување.  Целта е тие  да бидат  прикажани  во  градовите од внатрешноста и да ги види тамошната публика, но и да ја збогатиме културната понуда во градовите – рече  Јасминка  Намичева кустос на Музеј на град Скопје.

Прва изложба од оваа соработка  во Велес беше неодамна поставената  на  современиот полски плакат. Следната е по Нова година    на јапонски современа скулптура а која деновиве тргна со претставување низ Македонија,  од Штип.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »