речник контакт

Велес доби 12 мерни инструменти за квалитетот на воздухот

Наскоро ќе добие и апарат за мерење на радиоактивноста во воздухот, преку јонизирачки апарат

Петар Печков

Не 10 туку 12 мерни инструменти доби градот Велес, за мерење на квалитетот на воздухот. Тие се донација од холандскиот брачен пар  Александер и Ива Долстра , вредни повеќе од две илјади евра. 

Претходно Општина Велес се обратила до Министерството  за животна средина, да добие дополнителен број на мерни инструменти, бидејќи постојниот еден, не дава реални параметри за загаденоста на воздухот во градот.  Тој се наоѓа во населбата Тунел, додека стариот дел на Велес, каде семејства се греат на огревно дрво, нема мерен инструмент.

„Побаравме да добиеме два или три мерни инструменти за квалитетот на воздухот.  За жал не добивме позитивен одговор. Затоа оваа донација е добредојдена.  Анализа покажа дека освен првичните 10 имаме потреба од уште два, кои ги добивме. Со нив можеме да лоцираме евентуално загадување на воздухот и можен сторител, со ваква покриеност на градот со мерни апарати.  Така ќе биде и санкциониран“ - вели Петре Цилаков, раководител на сектор во Општина Велес.

Тие се лоцирани на јавни институции во градот, училишта, градинки. Податоците се достапни за ситe заинтерecирани преку апликацијата  „air care“.Мерните инструменти  ги мерат вредности на   ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките и работат на струја и на ви-фи. Обезбедени се со помош на советникот Даниел Јаневски.

Во наредниот период  во Велес  треба да биде поставен и апарат за мерење на радиоактивноста во воздухот, преку јонизирачки апарат, обезбеден од Институтот за јавно здравје на Македонија. Со него градот ќе биде дел од Европската мрежа каде ќе бидат прикажани вредности 24/7.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »