речник контакт

Велес доби pump патека (фото и видео)

Тука имаат можност да спортуваат со своите велосипеди, ролери и скејтборди младите сограѓани

Петар Печков

Официјално е пуштена во употреба pump патеката во Градскиот парк каде сите љубители на овој спорт ќе можат да се рекреираат и да ги унапредуваат своите вештини. Тука  младите сограѓани имаат можност да спортуваат со своите велосипеди, ролери и скејтборди.

„Оваа патека подолг временски период ја работевме, согласно временските услови, имаше зад нас зимски период. Тоа е современ објект од областа на спорт, урбано катче, која наликува на Велес, која е урбана средина. Се надевам дека корисниците и ќе го одржуваат“ - кажа Марко Колев градоначалник Велес.   
 

Памп патеката е отворена за користење за сите заинтересирани, но се размислува дали да се даде на некое здружение на граѓани, кое ќе го одржува и ќе се грижи за него, но никако да се наплатува за користење,..

Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на национално ниво, изграден  на простор на 660 м2, во Градскиот парк (под ракометното игралиште). Инвестицијата е 3,9 милиони денари, средства од општинскиот буџет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »