речник контакт

Велес доби нова градска линија

Автобусите сообраќаат на релацијата до гробиштата во Раштани, секој ден претпладне

Петар Печков

Од почетокто на месецов Пан такси започна со автобуски превоз на патници до новите градски гробишта во Раштани. Тие оваа линија ја добија на тендерот кој го распиша општина Велес.

Автобусите сообраќаат секој ден  со тргнување во 8 часот а враќање во 9,30 часот. Во сабота и недела, како и за верски празник има уште едно тргнување во 7 часот. Цената на билетот е 30 денари во еден правец, додека повратен билет чини 50 денари.

Оваа линија тргнува од Долни Дуќани а попатни станици се Стар мост - кај железничката рампа, Градскиот саат, Основен суд, Пензионерски, Управна зграда Жито Вардар, Пан-такси, касарна Алексо Демниевски Бауман, Багремче, Керамидна, Киро Ќучук и Раштани.

Враќањето е по следната реалација Раштани, Киро Ќучук, Багремче, Трговски центар, Пан такси, Жито Вардар, Управна зграда ЕВН, Дом на АРМ, фонтана Сармаале и Долни Дуќани.

 Пан такси од неодамна започна и со агобуски превоз за Скопје кој поаѓа од Велес во 6,20 и 7 часот а од Скопје во 16,10 и 17 часот.

И натаму сообраќа првата автобуска линија Долни Дуќани - Превалец  преку Железничка станица и обратно на секој половина час, додека во недела и празник на секој час, во терминот од 5 до 21 часот. Цената е 25 денари за билет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »