речник контакт

Велес доби скапоцен клавир

Петар Печков

Велес доби скапоцен клавир, подарок од семејството Спировски, редок гест кој во денешно време се случува.

Игор Спировски, судија во Уставниот суд, го подари скапоцениот семен клавир, од марката Лаубергер и Глос, стар стотина години.

Тој е произведен во Прага, а Киро Спировски го купува од Вршац по завршувањето на II-та Светска Војна, некаде околу 1945 година. Се до смртта на него музицирал Спировски, за потоа неговото семејство да реши да му подари на родниот град на нивниот татко.
 \"\"

Пет месеци, од пролетта па се до општинскиот празник 9-ти Ноември, овој клавир го обновуваше клавир-штимерот Трајче Југов.

Киро Спировски (1918 Велес - 2004 Скопје) е прославен македонски музичар, диригент, виолинист, композитор е уште еден од страницата на велешките великани, досега малку познат во родниот град. Музичкото образование го оформил во Белград, Загреб и Прага. Работел во Македонската Филхармонија, Опера, Радио Скопје, Охридско лето.

На премиерното претставување во Велес, на клавирот засвире и Славе Димитров, со вонвременската „Чија си“, која можете да ја видите на видео - клипот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »