речник контакт

Велес доби уште еден паркинг простор, на местото од АТД диспанзерот

Инвестиција на локалната власт од 4,4 милион денари

Петар Печков

Велес доби уште еден нов паркинг. на местото до поранешниот АТД диспанзер се изгради паркинг простор. Тој се градеше во период од три месеци и е инвестиција на локалната власт од 4,4 милион денари.

„Завршија сите фази од градежните активности за изградба на новиот паркинг на местото на поранешниот диспанзер, со што паркингот е веќе ставен во функција. Со овој голем паркинг, со капацитет од 65 возила, значително се решава сообраќајниот метеж во овој дел од градот“- соопштија од локалната власт.

Градежната фирма „Бетон груп М-М“ од Кавадарци ги изведуваше градежните работи.  Извршен е и технички прием.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »